Microsoft победи на тендер од Министерството за одбрана на САД во кој учествуваа повеќе ИТ компании во обид на министерството да вклучи повеќе компании за соработка, освен досега традиционалните соработници. Тендерот се однесува на уреди за изменета реалност, а Microsoft го има еден од најпознатите на пазарот, HoloLens.

Од американската армија планираат да го користат уредот од Microsoft во реални ситуации во борба, но и за обука на војниците. Еден ваков уред на војниците ќе им овозможи подобра способност за забележување на тоа што се случува пред нив, како и додатни информации кои на овој начин ќе ги “гледаат пред очите”.

За разлика од комерцијалната верзија од HoloLens, таа која ќе треба да биде доставена на армијата ќе има одредени додатоци, кои биле побарани во тендерот. Тоа значи дека покрај информациите кои се прикажуваат преку очилата, тие ќе треба да имаат и можност за ноќно гледање, термален поглед, но и мерење на виталните знаци на војникот, како и неговата свесност во моментот.

Од ова дефинитивно може да се види дека начинот на војување веќе значително се менува. Војниците ќе ги имаат сите потребни информации преку своите очила, информации кои ќе се прилагодуваат на тоа што тие го гледаат во моментот.

Интересно ќе биде само да се види реакцијата на вработените на оваа новост. Microsoft, како и уште неколку други компании, имаше случај каде вработените се противат на соработката на компанијата со властите, поточно, тие се против нивните производи да се користат за војување.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаMicrosoft претстави нови и редизајнирани икони за Office апликациите и сервисите
Следна статијаПолицијата во швајцарски град почна да опремува Tesla Model X како полициски автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.