109006655-chris-bishop-news-xlarge_transopai5xbswk8ql90myz1fnofalrbu0iputwmsjva79vg

Што бараат Microsoft, медицината и ракот во една реченица?! Тоа што логички следуваше после целиот овој агресивен експоненцијален развиток на технологијата.

Од Microsoft изјавија дека почнале да работат на победување на ракот преку пробивање на неговиот „код“ со синтетичка интелигенција. Ова можеби звучи чудно, но воопшто не е. Кога ќе помислиме дека, всушност, туморите се пореметувања во природниот биолошки компјутер наречен ДНК (деоксирибонуклеинска киселина), ќе ни текне дека овие пореметувања можат да се исправат или ловат за поефикасна борба.

Со помош на 3Д визионирање и пресметка на комбинации, заедно со споредба на личната состојба на пациентите и научните истражувања кои можат да се применат стриктно на нив, од компанијата се надеваат дека ќе успеат да развијат далеку по персонализиран и поефикасен систем за лечење на пациентите.

Дополнително, со оглед на тоа што многу од компјутерите на иднината ќе ги носиме постојано со нас, тие ќе можат да ни ја следат состојбата и да нè предупредат нас или нашите доктори ако забележат нешто чудно, како на пример, повишување на нивоата на тумор-маркерите.

Во исто време, преку внесување напредна радиовизија во системот тековно ќе се анализираат сите промени. При евентуално откривање на клетки на рак, може на пример да се програмира клеточната алатка CRISPR и потоа да се вбризга во организмот. По ова, алатката ќе ги најде клетките со рак и ќе направи препрограмирање на нивната ДНК за да се претворат во нормални клетки или пак да се самоуништат.

Тоа очигледно бара огромни пресметувачки способности, што Мicrosoft планира да ги обезбеди и преку разните серверски фарми кои работат во облак. Паралелното процесирање и обезбедувањето на споредливи информации од различни извори експоненцијално ќе го забрза пронаоѓањето на лек против рак, што да се надеваме ќе резултира во претворање на ова заболување (што е всушност збир на повеќе заболувања), прво во хронична болест, а потоа во несмртоносна како типична настинка.

Дополнителни информации: TechCrunch, Telegraph

Претходна статијаЗлатна книга бесплатно ги промовира сите нови бизниси
Следна статијаSamsung спрема двојна камера „ала iPhone“ за новиот Galaxy S8