Не помина многу време откако извадивме текст за Lucid Air електричниот автомобил со 1000 коњски сили. Ова возило беше опишано како најголемиот конкурент на Tesla Model S. Пред се, затоа што е електричен седан кој може да помине неверојатни близу 650 километри со едно полнење на батеријата. Но исто така во текстот стоеше дека неговото појавување можеме да го очекуваме дури во 2018 година. Но сега, благодарение на саемот за технологија CES 2017, можеме да видиме прототип од оваа компанија кој може да ни долови интересни детали во врска со иднината на овие електрични возила.

Оваа компанија почнала со производсто на батерии во 2007 година, но со тек на време успеала да ја оствари зацртаната цел, а тоа е производство на луксузни електрични автомобили. Alpha прототипот кој го претставија на CES 2017 има надворешна големина како и Mercedes E-Class, што јасно ја открива насоката кон која се движи дизајнот на овие возила. Од компанијата стојат на ставот дека со оглед на технологијата која ја поседуваат можат да обезбедат од 480 до над 640 километри со едно полнење на батеријата.

Покрај огромниот број на километри кои Lucid возилата ќе можат да ги поминат, друга позитивна работа е тоа што нивната батерија ќе може да се полни брзо со помош на специјални полначи, а при тоа да не се оштетува батеријата и да трае подолго отколку батериите на нивните конкуренти.

Кога сме кај конкурентите, знаеме дека битката ќе се води помеѓу нив и Tesla, иако официјално најавуваат дека нивни конкуренти се германските автомобилски гиганти Mercedes-Benz, Audi и BMW.

Извор: TechCrunch, MotorTrend

Претходна статијаNokia планира лансирање на 6 или 7 Android смартфони годинава
Следна статијаTCL го претстави новиот Blackberry Mercury со Android и хардверска тастатура