teb-1

Овој концепт веќе сме имале шанса да го видиме, како анимација, но кинезите решија да го направат реалност, а сакаат да го тестираат веќе оваа година.

Се работи за автобуси кои се направени да бидат доста повисоки, односно над останатиот сообраќај, а под нив автомобилите да можат непречено да возат. Автобусите би се движеле по чини на лентите и со тоа улицата би ја оставиле слободна за возење.

Концептот е наречен Transit Elevated Bus (TEB) и бил презентиран на China Beijing International High-Tech Expo изминатиот викенд.

Дополнително се истакнува дека овој систем е многу поисплатлив од изградба на метро поради немањето потреба од копање на тунели под земја.

Автобусите би работеле на електрична енергија и се очекува значително да влијаат во намалување на гужвите и загадувањето на воздухот. Овој транспортен систем исто така би требало да го популаризира јавниот превоз во кина.

Извор: Mashable

Претходна статијаE Ink претстави нов дисплеј со 32.000 бои
Следна статијаLogo Foundry – апликација за едноставно креирање на лого, ако немате за дизајнер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.