Associated Press / Mark Schiefelbein

Кинеските власти уште на почетокот на оваа година ги опремија своите полициски службеници со камери кои се користат за препознавање на лицата на граѓаните. Овој систем се покажува како посебно корисен за ситуации кога има големи гужви, односно толпи, но и за луѓе кои поминуваат преку улица кога тоа не е дозволено.

Сепак, системот за препознавање на лицето, кој веќе не е и нешто ново во светот, има свои ограничувања. Луѓето може да носат капа, да се свртени на одредена страна, а може сето тоа и намерно да го прават со цел да го сокријат својот идентитет кога се во бегство од полицијата и слично.

Со систем развиен од компанијата Watrix, кинеските власти отидоа еден чекор подалеку и започнаа со препознавање на лицата според нивниот од, односно според начинот на којшто се движат, како и според силуетата на нивното тело заедно со карактеристиките.

Ова овозможува да одреден човек може да биде препознаен без разлика дали се гледа неговото лице и дали се обидува да се сокрие. Човекот којшто треба да биде препознаен не е важно ни дали ќе се обиде да го промени својот од, односно да воведе лажно кривење или друга промена во движењето.

Системот може да ги препознае луѓето дури и кога се свртени со грбот, што значи дека веќе и нема начин како некој да се сокрие доколку е баран од властите.

За сега овој систем се’ уште е во развој, па препознавањето не може да го прави во вистинско време. Работи на начин што се става видео кое треба да биде анализирано, па за видео од 1 час, потребни се околу 10 минути да биде целосно анализирано.

Сепак, ова е нешто што знаевме дека се развива и дека е дел од ова време на технологија. Уште некоја година и нема да има човек чија локација нема да биде позната само со едно притискање на копче во системот на полицијата.

ИЗВОРAP
ИЗВОР 2Fox News
Претходна статијаNASA во живо ќе го пренесува првото слетување на Марс после 6 години
Следна статијаКрипто 101: Мулти-потписи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.