Најновата вест од светот на вселенската технолигија ни доаѓа од Кина. Оваа нова иновација го крена светот на нозе затоа што е речиси премногу добра за да биде вистинита. Имено се работи за новиот EmDrive мотор кој што името го добива скратено од Electromagnetic Drive затоа што е придвижуван од електромагнетна радијација.

Овој мотор работи на работ на законите на физиката затоа што при неговата работа не се случува размена на материја. Ова ги привлекло САД и Кина да почнат со вложување на средства во овие „невозможни“ мотори уште во 2010 година. Во декември оваа година, Кина најави дека конечно се случува клучниот напредок со овој производ и тестирањата веќе се започнати.

EmDrive користи исклучиво електрична енергија за да генерира движење. Иако овој мотор има слаб импулс, сепак во услови на вакум простор во вселената, каде што има недостаток на гравитација, може да постигне голема брзина доколку му се даде доволно време. Подобрување на перформансите на овој мотор зависат од матерјалот од кој ќе биде изработуван во иднина. Сепак кога станува збор за матерјалот, мора да се внимава тој да биде издржлив на специфичните услови во вселената како на пример радијацијата.

Со оваа нова технологија се очекува да се патува длабоко во вселената, на различни планети вклучувајќи го и Јупитер. Големи се шансите да се тестира за патување до Марс или Венера дури и астероиди се во игра. Најголемата придобивка, што го прави овој мотор идеален за патување длабоко во вселената, е тоа што нема потреба од гориво. Замислете колку простор се заштедува и колку е полесно леталото кога во него не треба да се складира гориво.

Оваа технологија исто така ќе резултира со помали и многу поефикасни сателити кои ќе кружат околу земјата во иднина.

Извор: PopSci, RedOrbit, ScienceAlert

Претходна статијаНајдобрите апликации за iOS за изминатата 2016-та
Следна статијаТрејлери на филмови што мора да ги гледате