Во Кина се имаат случено едни од најсмртоносните елементарни непогоди, поточно земјотреси кои однеле милиони човечки животи. Најголемите земјотреси кои се регистрирани се во 1556 година со 830.000 жртви, во 1920 година со 273.000 жртви и 1976 со 232.000 загубени човечки животи. Оттука може да се очекува државата да пронаоѓа секакви решенија кои би помогнале да се ублажи ефектот на овој вид на природни катастрофи, доколку е тоа можно. Од средина на 1960-тите, па навака, Кина вложува средства во систем кој го подобрува предвидувањето на земјотресите, тренинг за брза реакција за спасување итн.

Кина користи сателитски снимки кои помагаат за добивање појасна слика откако ќе се случи земјотрес. Но овој вид на комуникација преку сателити не е секогаш најдоброто решение. Во последниве десетина години државата се ориентира кон нова стратегија во ова поле, односно користење на дронови за пронаоѓање на преживеани лица и навигација во погодените области. Од националната установа за справување со елементарни непогоди велат дека со користењето на дронови пронаоѓањето на преживеани лица е побрзо и поефикасно од било кога. Изразено во бројки тоа би било 90% шанси лицата да се пронајдат живи во првите половина час. После 24 часа овој процент опаѓа на 81%, а доколку поминат 5 дена овој процент е на најниски 7%.

Во случај на земјотрес, дроновите полетуваат кон погодените области и покриваат одредена област. Скенираат згради со инфраред светлина, мултиспектрални и хеперспектрални сензори. Потоа добиените податоци ги праќаат до центрите за мониторинг за спасувачките екипи точно да знаат каде да се насочат. Овој вид на употреба на дроновите се очекува да се примени и во други држави.

Извор: Wired, DroneWatchDogs

Претходна статијаAsus лансира моќен мини компјутер, конкурент на Raspberry Pi 3
Следна статијаПренослив соларен панел и батерија за подостапна зелена енергија