Hyundai
Фото: Hyundai

Корејските гиганти од автомобилската индустрија Kia и Hyundai во своите автомобили ќе понудат AI асистенција. За оваа цел тие ги здружија силите со компанијата SoundHound која е популарна по својата апликација за препознавање на музика.

Kia
Фото: Hyundai

SoundHound во последно време се фокусира на креирање на апликации кои имаат за цел да му асистираат на корисникот. Асистентот кој ќе биде наменет за автомобилите на Kia и Hyundai ќе препорачува дестинации, ќе прибира информации во врска со временските прилики или вести и сл.  Понатаму, се очекува

Асистентот именуван Паметен Личен Асистент (IntelligentPersonalAssistant) ќе биде претставен на Светскиот саем на иновации (CES). По дебито во Лас Вегас кон почетокот на 2018 ќе се прејде на развој и тестирање. Тестирањата  ќе се одвиваат во текот на наредната година а на пазарот ќе се најде некаде во 2019-та година.

Kia и Hyundai одржуваат темпо со конкуренцијата која сѐ повеќе вклучува AI. За потсетување конкурентите од соседна Јапонија, Toyota, Nisan и Honda најавија дека ќе вклучат AI асистент во некој од нивните наредни модели.

Извори: TechCrunch, SGCarMart

Претходна статијаOpera ќе блокира нелегално копање криптовалути
Следна статијаOffice 365 за подобра едукација, настава и учење