Kengoro
Фото: TechSpot

Тим научници од Универзитетот во Токио создадоа хуманоидни роботи со анатомија слична на човечката. Двата роботи именувани Kengoro и Kenshiro се конструирани така што нивните екстремитети функционираат многу слично на човечката анатомија.

Нивните тела се создадени од мускулно-скелетен систем кој движењата ги прави неверојатно реалистични. Меѓутоа тоа не е нивната единствена сличност со вистински луѓе. Тие имаат квази нервен систем во вид на сензор. Понатаму тие имаат способност да процесираат информации и извршуваат задачи без директни инструкции од човек.

Движењата кои тие ги имитираат се едноставни фитнес вежби, а интересно е тоа дека се потат. Конструкторите во насока на рекреирање на реалистичен приказ на човечко тело, создале систем кој ослободува топлина од моторите во вид на вештачка пот.

Kengoro и Kenshiro се разликуваат од своите „роднини“ токму поради нивните физички способности. Претходно роботите изведуваа типично механички движења кои не можеа да се споредат со агилноста на човекот.

Овие роботи во иднина се очекува да помогнат во научните истражувања и тестовите за безбедност. Нивната сличност со човечката анатомија ќе овозможи подетално анализирање во одредени сценарија како сообраќајни незгоди. Примена може да најдат и на полето на спортот каде ќе ги имитираат човечките способности со цел да се дојде до што подобар перформанс.

Извори: ZDNet, TechSpot

Претходна статијаНовиот AI асистент на Google звучи неверојатно реално
Следна статијаApple се соочува со тужби поради намерното успорување на своите iPhone уреди