innovega-ioptik

iOptik е концепт претставен од страна на американската startup компанија Innovega, кој што би можел да се спореди со Google Glass концептот. За разлика од Glass очилата кои што работат самостојно, односно преку мал екран во горниот десен агол, iOptik концептот работи во комбинација на два уреди.

innovega-eyewear

Поточно, за функционирање на овој концепт корисникот потребно е да користи специјални леќи за очите во комбинација со очила. Очилата имаат мини екрани и мини проектори кои ја презентираат сликата, додека леќите се направени така да окото може да ја фокусира прикажаната слика која се наоѓа во голема близина на окото. Во суштина улогата на леќите е да ви овозможи да гледате објекти поблиску од тоа што е возможно, односно после одредена близина, објектите стануваат поматни, односно окото не може да се фокусира како што треба. Леќите се така направени да блиските објекти ги филтрира со централниот дел, додека со страните сеуште нормално можете да ги гледате пооддалечените објекти. Поради средување на тој проблем со леќите, без проблем може да се гледа сликата проектирана на нив од страна на очилата, па се добива многу поголема површина на која што може да се гледа одредена содржина во споредба со истата на Google Glass очилата.

ContactLens

Овој концепт е претставен на CES2014 настанот, а демо за некоја од можните идни примени на овој концепт можете да погледнете на следното видео.

Претходна статијаProject Christine од Razer – концепт на модуларен десктоп компјутер
Следна статијаТехнологија за лебдење на објекти преку акустични бранови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.