Конечно дојде и ноември, месецот кога се очекува Samsung да го прикаже својот Galaxy X или F, како што неофицијално се нарекува. Ова е уредот којшто треба да го има екранот од компанијата која може да се превитка, односно да биде доволно еластичен за добивање на уред којшто ќе може да се користи како таблет, а потоа да се превитка и преклопи во форма на смартфон.

Како што веќе е нормално да се случува, дојдено е до документ од Samsung во којшто се гледа името Infinity-V. Со оглед дека ова е името кое од компанијата го користат за моменталниот екран којшто е заоблен од страните, додатокот на буквата V асоцира на нов екран којшто ќе има можност да се превитка.

Сепак, ова не е сигурно, па додавката може да се однесува на нешто друго, иако ние веруваме дека се работи за екранот којшто веќе подолго време го чекаме.

Инаку, Samsung нема да биде официјално првата компанија која ќе претстави ваков уред, а американската Royole веќе го зема ова место претставувајќи го нивниот FlexPai минатата недела. Се работи за уред од највисоката класа која има екран од скоро 8 инчи кој кога ќе се превитка се претвора во смартфон со екран од 4 инчи.

Од Samsung сепак очекуваме да претстави уред со подобар екран. Тоа за нас значи екран кој ќе биде потенок, а и целиот уред кога ќе се превитка. Исто така, од Samsung очекуваме подобро решение за тоа каде и како ќе ги смести компонентите од уредот, па да нема потреба од големата рамка од едната страна, како што е случајот со FlexPai.

ИЗВОРT3
Претходна статијаПредлог филм: Сикарио 2
Следна статијаGoogle Maps ќе овозможи следење на бизнисите, како и нивно прикажување пред да започнат со работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.