Hyundai, познатата корејска компании за автомобили, најави дека на CES 2020, саемот којшто се одржува традиционално секоја година во Лас Вегас, ќе го претстави својот концепт за транспорт на патници и градовите на иднината.

Не би бил концепт на иднината доколку не вклучува летачки автомобили. Токму тоа ќе биде и главната најава од овој концепт. Наречен Personal Air Vehicle, односно PAV, автомобилот е замислено да полетува од специјално за тоа наменети станици.

Повеќе информации за овие летачки автомобили ќе дознаеме на CES 2020, но чуден би бил концептот доколку Hyundai не ги замислува како автономни. Тоа што го замислуваат и прикажуваат научно фантастичните филмови, полни со летачки автомобили, сепак делува непрактично и тешко за изведба, освен во случај на автономни летачки автомобили.

До станиците патниците би се возеле со автономен автомобил, кој исто така е дел од замислата за градот од иднината на Hyundai.

Сликата на почетокот од статијата е се што тие сега објавија, а сликата е од Сан Франциско во иднина, како што тие го замислуваат.

Ова дефинитивно е иднина која можеме да ја замислиме. Се повеќе ќе се користат автономни возила, а тука се и летачките автомобили кои ќе го скратат времето за превоз на патници кон дестинации како градските аеродроми и слично.

Вакви летачки такси возила веќе наскоро ќе можеме да почнеме да гледаме, па иако голем број на компании работат на такво нешто, Volocopter може да се каже дека е една од најпознатите.

ИЗВОРHyundai
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаБесплатен интернет на најфреквентните локации во Битола
Следна статијаBoeing го смени директорот на компанијата по неуспехот да се врати сертификацијата на 737 MAX
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.