Shutterstock.com

Иако неколку оператори почнуваат со поставувањето на нивната 5G мрежа, сепак, масовната имплементација или надградба на оваа генерација од безжичните мрежи ќе биде идната година, а во некои земји тоа може да се чека и до 2021.

Сепак, тоа не го спречува лидерот во светот по развој и производство на мрежна опрема, Huawei, да почне да ги прави своите истражувања за наредната, 6G, генерација.

Во оваа фаза секако дека нема повеќе информации. Шестата генерација на мобилни мрежи се’ уште е само на хартија, а дел од технологиите коишто ќе се користат уште и не се доволно развиени.

Оваа мрежа би почнала да се имплементира некаде до 2030 година според некои информации, а тоа секако може да испадне како порано, така и подоцна.

Според истражување на професори од универзитет во Бремен, 6G ќе донесе дополнително зголемување на брзината и капацитетот на проток на податоци, намалување на латенцијата, како и значително зголемување на бројот на конекции во исто време.

Сето ова ќе се користи од страна на огромниот број на поврзани уреди кои ќе бидат реалност во деценијата што следи, а тука секако не мислиме на веќе огромниот број на мобилни уреди.

Наредно што следи е поврзување на голем број на автономни возила, односно цели концепти на паметни градови на кои посебно ќе им користи можноста за поголем број на симултани конекции што ќе ги овозможи шестата генерација која е тек во развој.  

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаHuawei нуди до 50% попуст на промена на екранот на мобилни телефони на сите свои клиенти во Македонија
Следна статијаFacebook ги поедноставува групите со нивно означување само како јавни или приватни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.