huawei_quick_charge_tech_640x461

Веројатно досега го знаете мојот став за денешната батериска технологија за која имам пишувано повеќе пати тука на Смартпортал. Со еден збор – патетична е. Во споредба со напредокот на другата технологија во преносните уреди, батериската изгледа како да доаѓа од претходниот век.

За волја на вистината, постои напредок во ова поле, а технолошките гиганти и истражувачките тимови постојано се ангажирани во пронаоѓање на подобра батериска технологија.

Најновата вест доаѓа од Huawei кои демонстрираа два нови типа на литиум-јонски батерии кои супербрзо се полнат. Што значи „супербрзо“ во овој случај? Според Huawei, батерија од 600 мАч може да се наполни до 68% за две минути, а батерија од 3.000 мАч до 48% за 5 минути!

Според компанијата ваквото полнење нема негативен (или позитивен) ефект врз животниот век на батериите и се базира на врзување на хетероатоми со молекулите на графитот во анодата. Ова понатаму служи како катализатор за заробување и пренесување на литиум низ јаглеродни врски, поради што значително се зголемува брзината на полнење т.е. заробување на електрони и празнини.

Со користење на овие батерии секако дека ќе се помогне да се помине низ денот без да висите до штекерот чекајќи да ви се наполни до некое задоволително ниво батеријата. Едноставно ја приклучувате, одите да си направите кафе или чај и се враќате на полу- или повеќе полна батерија.

Браво Huawei.

Извор: UberGizmo, TechnoBuffalo, Android Police

Претходна статијаЗемјата во минатото најверојатно сјаела на портокалово
Следна статијаSteam гејмерските машини конечно пуштени во продажба