„Движењето“ во виртуелната реалност не е нешто што е баш најдобро решено, се’ уште. Затоа повеќето корисници се држат до содржината која не бара нивно движење, односно тие ги користат само нивните раце за играње или контрола на содржината.

За целосно движење во виртуелната средина има неколку решенија кои обично вклучуваат траки, појаси и слични методи да го задржат корисникот во едно место, додека тој ги движи нозете. Доколку не се користи нешто вакво, сите имаме гледано смешни видео клипчиња од луѓе како паѓаат и се удираат во ѕидови, кафе масички и слично.

Google патентира нов пристап за решавање на овој проблем, којшто доколку биде некогаш претставен како финален производ, јас би сакал да видам како функционира.

Се работи за чевли со моторизирани тркалца кои можат да се движат во повеќе правци. Идејата зад овие еден вид моторизирани ролерки е да го враќаат корисникот на почетната точка кога тој ќе почне да се движи, овозможувајќи целосно движење во виртуелната реалност, но спречување на удирање во ѕидот во домот или која и да е просторијата кај што се користи системот.

Она што останува како прашање е како Google планира да ја задржи рамнотежата на корисниците чии нозе ќе бидат поставени на тркала кои константно ќе се движат и во моменти кога корисникот може нема да очекува.

Сепак, патентите не значат и финален производ, туку само правци и концепти, па доколку некогаш видиме на пазарот нешто слично, сигурно ќе ги има решено повеќето проблеми кои може да се појават со корисничкото искуство.

ИЗВОРArsTechnica
Претходна статијаNASA официјално продолжува со развојот на наредниот суперсоничен авион
Следна статијаCinemagraphy – уметност на врвот на вашите прсти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.