2EF1430500000578-3340298-image-a-7_1448925020463

Автономните возила на Google веќе поминаа неколку стотици илјади километри низ САД, како тест период за развивање на системите за автономно управување. Сепак, има уште многу системи на кои им треба сериозно пеглање, а еден од нив е оној за предупредување на пешаците.

Во моментов, возилата на Google се претерано бавни и тоа не поради тоа што имаат слаб погон, туку поради тоа што се претерано претпазливи. Имено, доколку тие наидат на пешак, макар бил и на страната од патот и тој не се спрема вистински да ја премине улицата, односно само оди по тротоарот, ќе забават. Ова може да придонесе за големи гужви и забавување на сообраќајот, што секако не е она за кое се развиваат автономните возила.

За да може да реагира како вистински возач, Google развива нови сензори, кои ќе можат подобро да проценат дали пешаците ќе ја поминат улицата, како и нови начини на предупредување на пешаците. Според патентираниот систем, покрај звучниот сигнал, на возилото напред ќе има дисплеј на кој ќе пишува “Stop” доколку не е безбедно да поминете, односно дури и еден вид на рака, која со знак ќе ви покаже дека е безбедно да поминете. Овие системи ќе бидат корисни и за велосипедистите и за возачите на мотоцикли.

2EF142FE00000578-3340298-image-a-8_1448925037112

Вака претставено, се сложувам, ова звучи смешно, но системот е сеуште во фаза на развој и доколку биде имплементиран, секако дека ќе има поелегантно решение. Она што е поважно е дека развојот на автономните возила се забрзува со секоја поодмината година и претпоставувам дека нема да биде долго пред тој да се префрли во пониските класи на возила.

Засега делумно автономни системи, односно автопилоти, се достапни во моделите од високите класи на премиум производителите, како Mercedes – Benz, BMW, Audi, Tesla и Lexus, но истите работат само на автопат и се некорисни во урбани услови.

Извор: The Verge, Daily Mail

Претходна статијаX6 и X6 Plus се новите модели на Vivo кои неодоливо потсетуваат на iPhone
Следна статијаYahoo размислува да го продаде нивниот главен бизнис?