shutterstock_389260423-e1461947995317

… кое изгледа како да е изваден од сценарио за хорор-филм. Имено, се работи за патент поднесен во 2014-та година и објавен тек претходната недела, кој опишува процедура за обезбедување супериорни визуелни способности со нашите биолошки очи.

Идејата им е да се поседува такво око кое никогаш нема да ја изгуби својата способност да се фокусира на предмети, што е најчестото заболување во овој орган (миопија и хиперметропија т.е. кратковидост и далекувидост). Цел живот без очила, па дури и додека пливаме низ море? Одлично, секако.

Сепак, кога ќе ја чуете процедурата можно е да го изгасите компјутерот и да го фрлите од тераса. Предупредени сте.

Прво, природното око се сече. Потоа вашата „оригинална“ леќа се вади од окото. По ова се инјектира лепак во окото, а по лепакот новата вештачка леќа која е електронска. Е, по целава хорор процедура ќе можете да гледате како сокол.

Дигиталната леќа има сензор кој осеќа на која далечина сакате да се фокусирате и соодветно реагира, менувајќи го фокусот за да се насочи светлината врз рожницата во задниот дел на окото т.е. кон мрежницата. По теорија ваквата леќа би требало само еднаш да се внесе и потоа да се користи цел живот, но дали е тоа возможно и дали ќе го задржи истиот квалитет цел живот е прашање.

Како и да е, ова е еден чекор кон подобрување на функцијата на окото. Веќе пишувавме за телескопски леќи, леќа со камера, па дури и кортикален модем од DARPA. Од друга страна имаме и очила кои со помош на ласер прикажуваат слика директно во окото. Патот кон надградената реалност е краток!

Дополнителни информации: ТechInsider, Uproxx

Претходна статијаImpossible Project I-1 – нова инстант камера која оди по стапките на Polaroid
Следна статијаOpera претстави режим за заштеда на енергија – треба да овозможи 50% повеќе батерија во споредба со Chrome