1200x-1

Здравјето на сите ни е битно. Главните совети кои би ги добиле од повеќето доктори за одржување на здрав организам е здрава, сирова храна со намалување на внесот на јаглехидрати, редовно движење и активен живот, редовен одмор и правилно држење на телото…

За да ви помогнат во овие цели многу производители, како JawBone или FitBit, создадоа најразлични уреди кои ги носите со себе и кои ве следат колку сте активни, кога легнувате, како спиете итн. и во однос на тоа ви даваат совети или ве известуваат ако нешто не правите како што треба.

Сега и од Google ја најавија својата најнова нараквица, но со малку поинаква улога. Имено, нивната идеја е да носите нараквица која информациите за вашето здравје, покрај на вас, ќе ги испраќа и кај вашиот доктор во реално време. Се работи за нараквица со сензори за отчукувањата на срцето, температурата, изложеноста на светлина и на звук и други информации кои можат да се соберат од вашата околина.

Со помош на сензорите уредот ќе воспостави поблиска контрола врз вашата состојба и ефектите на кои сте изложени од околината, па вашиот доктор ќе може да ги следи и да реагира соодветно. Се` уште нема детали околу што се` ќе содржи ваквата нараквица, но ние би сакале да видиме еден уред во кој ќе биде споен часовник кој работи на Android, а покрај горните сензори ќе го следи и вашиот сон, колку чекори правите, воздушното загадување, изложеноста на електромагнетни зрачења и слично. Во тој случај би бил навистина сеопфатен уред кој би се грижел за вашето здравје.

Извор: Engadget, Bloomberg

Претходна статијаElephone P9000 е првиот телефон со процесор со 10 јадра!
Следна статијаНа Facebook веќе не му е потребно вашето лице за да ве препознае во фотографиите