Google навлегува длабоко во автомобилската индустрија во последниве 18 месеци. Ова може да се заклучи по претставувањето на Android Auto и најновата надградба на Android во 2016 година – 7.0 Nougat. Има разлика помеѓу Android Auto и Android оперативниот систем за мобилни телефони и таблети. Android Auto не е оперативен систем, туку е платформа која ја дава функционалноста на еден смартфон во автомобилите. Од друга страна пак најновата надградба на оперативниот систем Android 7.0 го прави лесен за прилагодување и користење во автомобилските системи и им нуди многу опции на автомобилските компании доколку се одлучат да го користат.

На ваков чекор се одлучи Fiat Chrysler Automobiles кој во соработка со Google се реши да инсталира Android систем во нивниот модел 300. Овој модел ќе биде претставен на CES шоуто за технологија во Лас Вегас овој месец. Користењето на Android во овој нивни модел ќе им овозможи на купувачите полесно користење на навигацијата, Bluetooth јавувања, конторла на радио, но можеби најважна од се е компатибилноста со сите досегашни Android алатки како што се Google Assistant, Google Maps и многу други.

Овој автомобилски гигант вели дека со користењето на Android ја добива посакуваната флексибилност што им е потребна, особено ако се знае дека користат нивни кориснички интерфејс наречен Uconnect. Оваа соработка им овозможува да продолжат да го користат Uconnect додека ги имплементираат новите Android апликации кои се лесни за користење.

Во врска со оваа прашање, Google е во очигледна предност пред Apple кој исто така сака да влезе во светот на автомобилите преку CarPlay. Мали се шансите дека Apple би дозволил автомобилската компанија да го креира корисничкиот интерфејс за возачите, дури и ако се знае дека при креирањето треба да се следат одредени правила за кои што едноставно автомобилските производители се покомпетентни.

Извор: Fortune, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаSamsung ги претстави новите смартфони од “A” серијата, сега водоотпорни и со подобри камери
Следна статијаШто да очекуваме од CES 2017?