google-project-wing-2

Google оваа недела реши официјално да го претстави Project Wing, еден од повеќето проекти дел од Google X секторот задолжен за развивање на експериментални и напредни проекти. Иако можеше да се најде по некоја информација за проектот, сепак до сега немаше доволно детали, како и потврда воопшто за негово постоење.

Project Wing вклучува беспилотни летала, односно популарно наречени дронови, кои што имаат можност да пренесат одреден товар до саканата локација. Проектот е во развој веќе две години, меѓутоа не е ни блиску до комерцијална употреба, а тоа не се ни знае дели некогаш ќе се случи. Како што може да се види од видеото од Google, беспилотното летало е направено како еден вид на хибрид помеѓу хеликоптер и авион. Полетува вертикално, по што се насочува во правецот на летање како и секој друг авион.

google-project-wing-1

Видеото е направено во Австралија, односно локација која што е избрана како погодна за тестирање на леталото. На него може да се види како фармер нарачува храна за неговите кучиња, по што дронот веднаш е натоварен и испратен на локацијата. Кога пристигнува на локацијата, почнува да лебди на одредена висина како хеликоптер, а товарот го спушта на земјата со кабел. Сензори оценуваат кога товарот е спуштен на земјата, по што кабелот се откачува од него и се враќа во дронот, кој што се враќа на неговата локација.

Project Wing може да се каже дека е конкуренција на Amazon, кои што оваа година претставија концепт за во иднина каде што пратките ќе ги доставуваат со беспилотни летала, односно дронови.

Извор: Wired, The Atlantic

Претходна статијаПознатиот MSN Messenger целосно престанува со работа на 31-ви Октомври
Следна статијаJolt e сензор за глава што ќе бележи контузии кај млади спортисти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.