googleglass

Google Glass – „промашениот“ проект на Google. Очила кои на себе имаат екран, камера, микрофон и слушалки. Заради тоа неговите корисници постојано трпеа критики, од аспект на заштита на приватноста, бидејќи со камерата можеше да се прават фотографии во било која ситуација. Додуша, малку лицемерно бидејќи повеќето критичари на оваа опција всушност испадна дека го критикуваат бидејќи не можат да одберат какви ќе испаднат на сликите – а нели, тоа е најбитно денес.

Од друга страна екранот постојано даваше информации за промени, пристигнати пораки и така натаму, но проблемот е што ваквите постојани известувања делуваат негативно врз вниманието. Кога се ѕверите во телефон луѓето знаат дека сте расеан, но кога изгледа дека ги слушате внимателно, а вие се ѕверите во минијатурниот екран покрај нив тоа воопшто не е пријатно. Да не спомнуваме и за можноста сите разговори да ги снимате неприметно…

Едноставно, Google Glass (сега веќе Project Aura) е или „утка“ или далеку пред своето време. Затоа од Google работат на три нови наследника од кои два скоро воопшто не функционираат како оригиналот. Всушност, двата се практично пар на слушалки кои ви даваат известувања преку глас, а ги контролирате исто така со гласовни команди.

Во новите изведби има интересна нова технологија – спроведување на звук низ коска. Во основа се работи за вибратори допрени до коските на черепот кои го пренесуваат звукот преку коската до увото. Овој начин тој е поизолиран од шум и нејаснотија, но со себе секако си носи други недостатоци.

Новите уреди ќе ги користат Atom процесорите на Intel, а моделот кој сепак има екран сега ќе има поголем екран за да го олесни гледањето.

Не сме многу ентузијастички расположени околу овој проект. Знаеме дека Google сака да ја развие пред време секоја напредна технологија која треба да се рашири во иднина, но изгледа дека тргнуваат на погрешен начин.

Извор: Tech News Today, The Information, Liliputing

Претходна статијаСоздадена нано-подморница направена од само еден молекул
Следна статијаMicrosoft работи на можноста за Win32 програми на Windows 10 Mobile