Колку превиткувања ќе може да издржи Samsung Galaxy Fold?

Ова видео од Samsung го прикажува процесот на тестирање на овој уред

Samsung Galaxy Fold, е уредот којшто според мене ќе ја започне револуцијата, заедно со своите конкуренти, во начинот на којшто ги користиме нашите паметни телефони.

Кратко кажано, веќе нема да мора да имаме телефони со што поголем екран. Истиот може да има нормална големина, погодна за носење во џебот. Кога ќе ни треба поголем екран, за да гледаме видео, слики или било што друго, овој мал уред ќе го отвориме со што ќе добиеме екран со големина на помал таблет компјутер. Одлично.

Една од главните „грижи“ кога се во прашање овие уреди е сепак екранот и механизмот за превиткување. Веќе можевме да прочитаме за тоа дека екранот на Galaxy Fold остава бразда, фалта, односно видливо оштетување на екранот во делот каде што се превиткува.

Од Samsung излегоа со видео, кое може да го видите на почетокот од статијата, во кое го прикажуваат начинот на којшто тие го тестираат екранот на Galaxy Fold.

Тестирањето се прави автоматски, преку специјално направени машини за истото, кои го превиткуваат екранот на Fold околу 200.000 пати, а за тоа се потребни недела дена.

Ова превиткување е доволно за околу 100 превиткувања во текот на денот, а тоа треба да овозможи користење на уредот до 5 години без проблеми.

Јасно беше дека Samsung ќе го усоврши колку е можно со моментално достапната технологија екранот на Fold, којшто треба да почне да се продава од идниот месец за цена од околу 1.700 евра.

Инаку, Galaxy Fold беше претставен на Unpacked 2019 настанот кој се одржа во Сан Франциско, за време на претставувањето на Galaxy S10 уредите.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаФотографирај, поврзи се и освојувај со новиот Samsung Galaxy A70
Следна статијаBoeing ги објави промените кои се дел од софтверската надградба на 737 MAX авионите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.