fujifilm-storage-tape

FUJIFILM објавија дека во соработка со IBM достигнале нов рекорд во површинска густина на податоци од 85.9 билиони битови на квадратен инч на нов тип на лента од линеарно магнетни честички. Овој значаен чекор во густината на податоците се споредува со стандардна LTO (Linear Tape-Open) (http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0c/LTO2-cart-purple.jpg/800px-LTO2-cart-purple.jpg) касета што може да соберe до 154ТВ некомпресирани податоци што е дури за 62 пати повеќе од денешниот капацитет на LTO6 касетите.

Ова достигнување се должи на користењето на напреден прототип касета која вклучува Nanocubic технологија развиена од FUJIFILM и напредни касетни дискови развиени од IBM. Ова достигнување е од голема важност за зачувувањето на податоци на поголемите компаниии бидејки корпоративните податоци непречено растат со голема брзина, а истовремено безбедноста и сигурноста на податоците е најважна на денешниот пазар. Подобрената NANOCUBIC технологија го намалува волуменот на BaFe (Barium-Ferrite)магнетните честички, која е од суштинско значење за снимање на податоци со висока густина, а истовремено ја одржува термичката стабилност на податоците.

Од 2000 г. па навака Fujifilm  е лидер во развојот на ленти со голем капацитет за бекап и зачувување на податоци. Nanocubic технологијата вклучува BaFe честички кои нудат супериорни перформанси и подолг период на зачувување во споредба со конвенционалните ленти од метални честички. Fujifilm и понатака останува посветен на развивањето на високо функционални материјали на пазарот за зачувување на податоци. Научниците на Fujifilm се фокусираат на развојот на значително појаки магнетни полиња потребни за подобрување на капацитетот на лентите, брзината и сигурност.

Претходна статијаApple официјално ги купува Beats за 3 милијарди долари
Следна статијаСупер магнетно-левитациски возови кои би можеле да достигнат брзина од 2.900 km/h