ecosystem-landing-page

Досега, ако сакавте да испечатите во 3Д требаше да купувате печатач од илјадници долари, со многу скап материјал, многу бавен процес кој не секогаш завршуваше како што треба, огромна машина која зафаќаше и до 2 метри квадратни…

Запознајте се со Formlabs Form 2. Се работи за десктоп-компатибилен 3Д печатач кој ќе ви овозможи да си печатите 3Д креации брзо, ефикасно и во секој момент. Form 2 вклучува и некои други подобрувања во однос на другите 3Д печатачи кои можат да се најдат на пазарот.

На пример, на него има вградено безжично поврзување преку кое можете да му го пренесете моделот кој тој потоа ќе го испечати. Безжичната врска се користи за да ви испраќа информации до вашиот преносен уред и вие од некоја далечна локација можете да ја следите работата на печатачот. Исто така, има и екран осетлив на допир со кој му назначувате што да работи, гледате до каде е со работата и дали и` доаѓа крај на суровината.

Form 2 го употребува принципот на стереолитографија за создавање на креациите. Се работи за оптички систем базиран на ласер кој ја загрева суровината на одредени места како што тече процесот, создавајќи едноставни, па и сложени форми како решетки и мрежи. Новитет е воведувањето на „чистач“ кој ја растура течноста во која се наоѓа суровината за да не се згуснува и да има помало отфрлање на материјал.

За жал, цената е се` уште во рангот на илјадници долари – 3.499 долари поточно. Сепак, со оглед на тоа дека има значајни подобрувања во однос на 3Д печатачите од оваа или предходните генерации, би значело дека нивната споредбено слична цена сега ќе падне.

Извор: TNW

Претходна статијаChromecast Audio – добредојден аудио уред за домот
Следна статијаAndroid 6.0 достапен за постарите Nexus уреди од следната недела