EMotion
Фото: Mashable

CES е главна тема деновиве низ технолошките кулоари, а има и зошто. Особено љубителите на автомобили ќе имаат што и да видат на годинешното издание на Глобалниот саем за иновации кој се одржува моментално во Лас Вегас.

EMotion
Фото: Mashable

Еден од најатрактивните примероци е секако Fisker-овиот EMotion. Се работи за електричен автомобил со напреден автономен систем за управување и капацитет за патување поголем од 650 километри. Emotion е автомобил замислен да биде во чекор со технологијата, но и визуелно да фасцинира со својата појава.

Автомобилот се најавува како првиот директен конкурент на Tesla Model S. Имено, според очекуваните перформанси, EMotion би можел да покрие речиси 150км повеќе од знаменосецот на Tesla. Максималната брзина би била нешто над 250км/ч. Проценките велат дека ова задоволство би го чинело сопственикот околу 130.000 долари.

Автомобилот се одликува со неверојатна линија која ги засенува дури и популарните модели на Porsche или Ferrari. Вратите кои се отвораат во стилот на Lambourghini оставаат особен впечаток. Ентериерот е баш онаков како што може да се замисли во луксузна лимузина, наменета за 4 патници. Кожа, екрани на допир и еден куп алатки и функции овозможуваат уникатно искуство.

EMotion е замислен како комплетно автономен автомобил од 4-та генерација. Од компанијата се уверени дека овој модел ќе има можност за комплетно полнење на батеријата за многу пократко време од конкуренцијата. Овој амбициозен проект ќе стане реалност најрано во 2020-та година.

Извори: Mashable, The Verge

Претходна статијаСамсунг со визија за отворени, паметни IoT искуства за поедноставување на секојдневниот живот
Следна статијаПостои ли шанса Twitter да го банира Трамп?