Овој модел на Fiat Chrysler нуди многу новитети кои лесно може да станат стандардни во иднина. Создаден е за да може во него комотно да се превезат шест патници. Во овие шест патници се вбројува и возачот, поради автономната безпилотна идеја која што ја има компанијата за овој автомобил. За почеток ќе биде произведуван со полуавтономен Level 3 стандард, но со хардвер кој лесно ќе може да се надгради во целосно беспилотен Level 4 стандард.

Во внатрешноста на овој Portal се случуваат вистинските нешта. Ќе има сопствена безжична интернет мрежа, препознавање на лица и препознавање на гласови со цел полесно подесување на одредени опции за возачот, како што се музика, внатрешно осветлување, навигација и други. Седиштата лесно ќе може да се вадат и подесуваат, со цел флексибилен ентериер и промена на намената на самото возило, од класичен фамилијарен автомобил, па се до подвижна канцеларија за бизнисмените.

Кога сме кај моторот, тој ќе биде електричен и брзополнечки. Моторот ќе може да помине над 400 километри со едно полнење, истиот за околу 15 минути ќе може да се наполни доволно за дополнителни 250 километри. Како што споменавме, Portal ќе вози полуавтономно на почеток, со користење на радар, сензори и камери кои што ќе бидат од помош за возачот. Една од главните карактеристики ќе биде и комуникацијата со другите возила на патот, со цел зголемување на безбедноста, но и споделување на слики, видео и музика преку сопствената интернет мрежа.

Најинтересно од се е тоа што ќе има вградена „селфи“ камера која што ќе послужи како добра алатка за споделување на социјалните мрежи, но спепак најверојатно нејзината вистинска функција ќе биде добивање информации во врска со возачот и патниците внатре во автомобилот.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаОбјавени сите информации за Snapdragon 835, чипот кој ќе ја одбележи 2017 година
Следна статијаSamsung ќе вгради функција слична на “Continuum” во Galaxy S8