Screenshot 2014-09-25 15.43.18

Facebook оваа година го најави нивниот проект наменет за покривање со интернет пристап места во светот каде што тоа воопшто не е достапно во овој момент. Тука се мисли на делови од светот кои што се неразвиени, па интернет пристапот не е ни овозможен за жителите на тие места. Начинот на кој што од компанијата планираат да го „донесат“ интернетот до овие локации е преку беспилотни летала, кои што се’ уште се во развој, односно технологијата не е целосно развиена.

На Social Good Summit настанот кој што се одржа оваа недела, директорот на Mashable порталот има направено интервју со Yael Maguire, директорот за инженеринг во Facebook Connectivity Lab. Во ова интервју тој открива дополнителни информации во врска со проектот, до каде е истиот, со какви предизвици се соочуваат и слично.

Она што е интересно е што за реализирање на проектот не постојат закони кои што ја регулираат областа. Леталата, кои што нагласува дека мора да бидат големи колку еден Boeing 747, меѓутоа многу полесни, ќе треба да летаат на висина од 18 до 28 километри. Оваа висина е над висината каде што временските услови можат да влијаат на леталото, но исто така важно над висината до која што се одвива воздушниот сообраќај од страна на комерцијалните летови. Постојните законски регулативи во земјите, не го покриваат овој дел од атмосферата, па ова ќе биде еден од предизвиците со кои што ќе треба да се соочат од Facebook. Исто така, на никаков начин не е регулирано пуштањето на радио мрежа од оваа висина на луѓето кои што се наоѓаат на земјата на таа локација.

Друг предизвик за кој што говори Yael Maguire е и регулативата која што моментално бара да едно беспилотно летало биде управувано од страна на еден пилот на земјата. Ова е нешто што според него ќе мора да се промени, доколку сакаат да го донесат интернетот во целиот свет, како што тој тоа го кажува. Тој истакнува дека еден пилот треба да може да управува со до 100 летала, за да целиот проект биде остварлив и исплатлив.

Не може да имаме едена личност по летало ако сакаме да откриеме како да го поврземе светот.

Од страна на тимот кој што работи на овој проект, во оваа фаза истакнуваат дека тие би биле насочени кон овозможување на интернет пристап во земји од Латинска Америка, Африка и Азија, меѓу кои истакнуваат дека само во Индија повеќе од 15% од луѓето немаат никаква можност за поврзување. Според нив исто така, зависно од тоа во кој дел од светот ќе бидат пуштени леталата, ќе зависи и нивниот дизајн, односно дизајнот на соларните панели од кои што ќе треба да добиваат енергија.

Технологијата која што ќе се користи за овие летала во основа се базира на соларни панели и батерии, нешто што уште треба да се развива за да може да се реализира проектот. Според Yael, тие очекуваат да почнат со тестирање на летало од идната година, а можноста за пуштање на летало официјално над одредена земја и овозможување на интернет пристап може да се очекува најрано во наредните 3 до 5 години.

Извор: Mashable, Engadget

Претходна статијаApple ќе ги замени свитканите iPhone 6 модели, треба да ја поминат Визуелната механичка инспекција
Следна статијаНеофицијално: Android L достапен од 1-ви Неомври, а Nexus 9 во средината на Октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.