2017 година ќе биде од клучно значење за револуцијата на електричните возила, која најверојатно нема да се случи САД. Политиките на справување со загадениот воздух во Европа и Кина, не им остава избор на автомобилските компании освен да се насочат кон производство на електрични автомобили. Во Европа електричните возила имаат низа бенефити како што се ослободување од данок, бесплатни паркинзи итн, додека пак автомобилите на фосилни горива се соочуваат со многу пречки како на пример рестрикции за возење и за паркирање.

Големите градови во Кина се соочуваат со големо загадување во последниве години. Ова е главната причина поради која што Кина е принудена да го замени својот актуелен „возен парк“. И во Кина како и во Европа се користат слични политики со кои се поттикнува возењето на електрични возила, а се ограничува возењето на бензиските и дизел мотори. Овие политики се очекува да стануваат се поригорозни од година во година.

Во САД работите се поинакви. Во Калифорнија како и во некои други сојузни држави се поставени основните правила со цел поставување на темелите на возењето на зелени автомобили во иднина. Сепак на ниво на САД, продажбата на овој вид автомобили 2016 година е повисока за само 0,37% споредбено со 2015 година, што е поразителен факт. Ниските цени на горивото преку атлантикот диктираат еден сосема различен пат во развојот на електричните возила.

Генерално автомобилскиот свет се менува и се надеваме дека оваа промена ќе се случи што побрзо со цел намалување на загадениот воздух во сите поголеми градови на планетава.

Извор: Reuters

Претходна статијаiPhone 8 ќе има многу поголема водоотпорност
Следна статијаSamsung Galaxy S8 ќе доаѓа во големини од 5,7 и 6,3 инчи и многу мала рамка?