eBay-touch-storefront

eBay овој месец претстави продавници на допир со што ќе го смени начинот на кој купуваме производи, целосно. Компаниите сега ќе имаат можност да се рекламираат повеќе и да заштедат пари со тоа што ќе немаат потреба од физичка продавница, односно секој празен ѕид во трговските центри ќе биде пополнет со екрани на допир и IR камери. Преку нив купувачите ќе може да пребаруваат, разгледуваат и купуваат продукти на ист начин како кога би купувале преку интернет, единствената разлика е што производите ќе се поевтини и ќе морате физички да дојдете во трговскиот центар. Едноставно речено, хибрид од Online и Offline шопинг. Продавниците ќе бидат во форма на голем билборд со интерфејс на модерен телефон, со вградена IR (infrared) технологија за следење и звучници.

Технологијата е паметна и знае да разликува случаен мунувач од минувач кој ја свртел главата за одредена реклама или само застанал да погледне. Сите тие информации се споделуваат во мрежа за да можат компаниите да рекламираат производи што им се допаѓаат на купувачите. Ваквите дигитални продавници ќе функционираат така што купувачот ќе го внесе својот телефонски број и ќе добие повратна порака на телефонот за потврда, каде плаќањето ќе се доврши преку PAYPAL или со дебитна картичка. Кога трансакцијата ќе заврши, производот веднаш ќе може да се подигне од SONY Галеријата, Rebecca Minkoff и TOMS, или да биде доставена и до дома.
Паметното стакло, или екранот за интеракција  е составено од два дела, едниот дел ќе прикажува слики во HD од производи, а другиот ќе служи за интеракција со купувачот. Камерите ќе регистрираат на кој екран гледате одредена реклама и ќе ве информира за слични продукти на другиот екран.

Оваа футуристичка идеја на купување ја започна Steve Yankovich претседателот за иновација од еBay. Склученото партнерство со SONY, Rebecca Minkoff и TOMS им овозможува на потрошивачите да купуваат дигитално од овие продавници во Westfield Трговскиот Центар во  San Francisco. Ако ова се воспостави како стандард, популарно наречените дилери кај нас ќе имаат голема конкуренција кога ќе станува збор за попуст, бидејќи еBay ќе го врши поголемиот дел од трансакциите.

Да разјасниме, обичните продавници се уште ќе постојат, целта на дигиталната продавница е да се олесни купувањето со тоа што нема да се туркате во гужви и ќе купувате поевтино. Другата позитивна страна е што апликациите за купување ќе можете да ги користите и во дигиталните и во обичните продавници за да бидете во тек со попустите и трендовите.

store-apps

Апликаците како Swirl или Shopkick ќе ве наградуваат со поени-ваучери кога ќе ја разгледувате содржината и ќе ви препорачуваат продукти што ве интересираат (зависи што сте пребарувале). Апликациите функционираат на тој начин што микрофонот од вашиот телефон емитира ултразвук со што продавницата ќе ве регистрира како купувач. Треба само да ја вклучите апликацијата пред да одите на шопинг и се што сте обележале дека ви се допаѓа, апликацијата ќе ве упати каде се наоѓа. Од други интересни апликации,  интерена е и The Hunt, апликација која ќе ви помогне да си најдете облека која ви се допаѓа. Апликацијата Stitchfix, корисниците треба да ставаат слики од парчињата облека од интернет или свои фотографии за да им помогнат на другите потенцијални купувачи. Оваа услуга чини 20$ и добивате попуст до 25% ако купите наеднаш од тоа што ви се допаѓа.

Претходна статијаДенеска е Black Friday познат ден на попусти во Америка
Следна статијаDell најави 24-инчен 4К монитор