CW4OtcKUoAAC01W.jpg large

Со оглед на тоа што дроновите, односно беспилотните летала, станаа нормално секојдневие, не е ни чудно што почнаа да се случуваат вакви работи. Сепак, летањето на летало не е до толку едноставна работа и покрај сите алгоритми за помош и стабилизација, па обичните корисници ќе наидуваат на ситуации во кои што ќе изгубат контрола.

За време на Светскиот куп во скијање, едно вакво летало за малку падна врз еден од учесниците за време на слалом спуст. Од видеото подоле може да се види дека само неколку секунди биле потребни за дронот да паднел директно врз скијачот, па тој да биде повреден.

Дронот инаку бил во сопственост на еден од многуте медиумски претставници на настанот и на него очекувано биле поставени камери наменети за снимање на скијачите, кои што само додаваат на тежината. Од видеото може да се види дека не се работи за оние мали аматерски дронови кои што можат да носат само мала камера.

Овој случај, како и низа на претходни е показател дека новите технологии иако носат напредок, треба да се внимава како се користат до доволно голем развој. Летањето на дронови треба да се прави од нешто подобро обучени корисници, а посебно кога не се работи за приватна ситуација на некоја ливада.

Извор: Ars Technica, NBC Sports

Претходна статијаSamsung Galaxy S7 ќе биде претставен во февруари или март 2016?
Следна статијаLG спрема сопствен Nuclun чип за наредната генерација на V10 смартфонот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.