Еден од најголемите проблеми кои ги имаат корисниците со своите смартфони се однесуваат на лесното оштетување на стаклото на екраните, што најчесто се случува при паѓање на телефонот, бидејќи новите стакла се прилично отпорни на гребнатинки. Сепак, доаѓа нова технологија која ќе му овозможи на дисплејот сам да се поправи за 24 часа, нормално ако не е искршен на многу мали парчиња.

Полимерот развиен од научници од Универзитетот на “California Riverside” може да се истегне до 50 пати повеќе од својата почетна површина. Ова му овозможува дури и кога е комплетно испукан, да може да ги пополни пукнатините за максимум 24 часа и да биде како нов. Да, ова ќе биде технологија која ќе функционира и со комплетно скршени екрани, а не само со мали гребнатинки.

Според истражувачите, ова стакло е подобро од сите минати материјали кои можат сами да се се излечат, бидејќи работи независно од околината (претходните вакви материјали не работеа во околина со голема влага), а ова е и првиот материјал кој сам се поправа и кој може да спроведе електрицитет, што е од огромна важност за капацитивните дисплеи кај смартфоните.

Да потсетиме, претходно LG G Flex 2 имаше можност да се поправи самиот, но само за мали гребнатинки во задниот дел. Новиот материјал може да се користи и за изработка на батерии и да придонесе за намалување на можноста на нивна експлозија при паѓање на смартфонот.

Научниците веќе работат на подобрување на овој концепт со цел што побрзо да го подготват за вградување во нови модели на преносни уреди и достапност на пазарот.

Извор: Telegraph, NewsWeek, ZDNet

Претходна статијаAlcatel Flash има двојна камера и назад и напред
Следна статијаСкопје травел маркет 2017: Најдобрата дестинација за да се види светот