Converted_file_2978c80e

Да, истиот Disney кој ги осмисли и направи вашите омилени цртани филмови сега влегува на пазарот на паметни часовници. Додуша, не со часовник туку со интересна нова технологија.

Се работи за EM-Sense, технологија сместена во паметен рачен часовник која може да препознае што точно допирате со раката. Секако, тоа не е се’. Главната идеја е автоматизација на животот околу вас со помош на овој алгоритам за препознавање.

На пример, станувате наутро и го допирате фрижидерот и микробрановата печка. Часовникот сфаќа дека сте започнале да правите доручек и ви пушта радио-станица и ви вади рецепт за пржени јајца со сланина.

Потоа влегувате на работа и ја допирате вратата, а часовникот почнува да ги листа работните задачи на денот кои сте ги назначиле таа недела. Влегувате во продавница и ве потсеќа кои работи требаше да ги купите од списокот, а кои ги имате дома и така натаму.

EM-Sense открива што допирате преку детектирање на електромагнетниот сигнал/зрачење од предметите околу вас кои што се пренесуваат преку вашата рака. Тоа е возможно поради тоа што човечкото тело е одличен спроводник, па од Disney одлично решиле да ја искористат оваа карактеристика.

Потоа часовникот ги толкува добиените информации со паметни алгоритми за да препознае каков точно предмет е тоа пред вас. Веројатно EM-Sense ќе биде споена со некоја друга технологија која ќе овозможи подобра прецизност на откривање бидејќи морињата од ЕМ сигнали ќе знаат да го збунат часовникот сами по себе.

Како и да е, одлична иновација од страна на (кој би рекол?) Disney и само нека продолжат вака. Би сакале да ја видиме оваа технологија вградена во паметните часовници во следните неколку години.

Извор: TechRadar, Yahoo

Претходна статијаПристигна првата поголема надградба за Windows 10, со неколку нови функции и подобрувања
Следна статијаРастенијата можат да „слушнат“ кога некој ги јаде