BRASS_NEW_A024_A001

Досега, софтверот беше зависен од хардверот, односно доколку хардверската околина се надгради или измени, софтверот има проблеми со функционалоста и најчесто се потребни промени или надградби со цел да се врати првобитната сигурна и ефикасна функционалност.

DARPA има цел да ја смени играта со тоа што развива софтвер кој нема да биде зависен од хардверската околина. Софтверот кој DARPA го има на ум треба да може да се справи со секакви хардверски промени и надградби без да треба да се надгради од страна на корисникот.

BRASS (Building Resource Adaptive Software Systems) има за цел да се справи со новите системи со тоа што ќе ги повлече спецификациите од новиот хардвер и ќе може да функционира на него со тоа што ќе ги адаптира ресурсите, да користи нови видови на компајлирања и методологии со цел апликацијата да се однесува исто во секој систем. Сето ова треба да може да се случува на долги релации со цел софтверот да остане функционален во големи временски рамки.

Практично, сè ова е направено за да се намали цената на развивање и одржување на воената технологија која страда и од застарување, но и од надградување (чисто поради тоа што надградувањето најчесто чини многу). Застарената технологија е изложена на опасности, додека надградувањето најчесто е скапо и одзема време. Вака, со софтвер кој нема да има проблем со ниеден хардвер, ќе се намали значајно цената на одржување и надоградување на хардверот и технологијата секогаш ќе биде во тек.

Извори: Engadget, DARPA

Претходна статијаTrusted Voice – нов начин на отклучување на Android
Следна статијаКако ќе изгледа Windows 10 на помалите таблет компјутери