Mobile phone and electronic tablet

Gorilla Glass веќе одамна е стандарден дел од паметните телефони и им овозможува на корисниците да бидат малку помирни кога е во прашање можноста за оштетување на нивниот екран.

Секоја година ова стакло станува се повеќе издржливо, па голем дел од нас и лично имаме видено која е разликата помеѓу телефон заштитен со Gorilla Glass и тие што не се.

Corning, американската компанија која стои зад развојот на ова издржливо стакло, оваа недела ја претстави шестата генерација, односно Gorilla Glass 6. Моментално се’ уште во фаза на финални тестирања, Gorilla Glass 6 ќе се најде во уредите од високата и средната класа од идната година.

Од компанијата истакнуваат дека паметните телефони стануваат се повеќе важен дел од животот на луѓето, а тие користат стакло во се поголем дел како на предната страна, така и на задната.

Gorilla Glass 6 е направен врз основа на материјал кој е уште погуст и повеќе копресиран за разлика од минатата генерација. Поради тоа тој може да издржи до 15 падови на тврда површина од висина до 1 метар. Во основа тестовите на компанијата се направени до овој степен, па тие на еден начин гарантираат дека корисниците можат да бидат мирни за падови од висина до 1 метар, повеќе пати во годината.

Истражување кое е направено од страна на Corning покажува дека на корисниците во просек им паѓаат телефоните по 7 пати во годината од висина до 1 метар.

Иако мене лично телефоните не ми се случува да ми паднат, сепак ќе бидам помирен знаејќи дека технологијата за заштита на истите станува цело време нешто подобра.

ИЗВОРCorning
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаКако успеав за 3 месеци да започнам нова кариера
Следна статијаДискавери Ви ја прикажува приказната за неверојатното спасување на тајландискиот фудбалски тим која го потресе целиот свет, во документарниот филм ,,Мисија за спасување деца во Тајланд’’
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.