Ако сте вие едни од оние спортисти кои се чувствуваат забавени од неадекватните обувки, можеби ви е време да преминете на чорапи. Заборавете на оние чудни патики со прсти, кои се всушност како ракавици за стапалата и замислете чорапи изработени од материјал 15 пати поцврст од челик!

Free Your Feet се најминималистичките заштитни обувки на светов. Изработени се од Dyneema влакна, кои се измислени од хемичарот Albert Pennings уште во 60тите години и се сметаат за еден од најцврстите материјали. И покрај цврстината, обувките се меки, лесни и еластични, додека ви овозможуваат цврста подлога која нема да лизга, без разлика на типот на активност. Но бидејќи материјалот е со плетена структура, сепак FYF не се целосно без маани, затоа ќе мора да внимавате околу остри предмети и суштества кои имаат бодликав надворешен оклоп, како морските ежиња.

Free Your Feet се веќе реалност, благодарение на швајцарската компанија која успеа да собере речиси 4000 поддржувачи на Kickstarter, кои донираа повеќе од 300 илјади долари во 2015, што е 30 пати поголема сума од иницијалната цел.

Овие чорапи/обувки се одлична инвестиција за сите авантуристи, професионални или аматери. Ако ве заскокотка идејата и не се грижите премногу за бодликавите животинки, можете да си ги нарачате од Kickstarter за 80 долари.

Претходна статијаMicrosoft ќе претстави уред за „измешана реалност“ за Xbox One и Project Scorpio
Следна статијаНови методи на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата