1279424860921894985

Човештвото загадува, и тоа многу. Се претпоставува дека околу 8 милиони тони пластика се фрла во океаните секоја година. Многу од овој отпад лебди своеволно по океаните и ја грди сликата, а дел ги поништува природните процеси на разни птици, риби и други животни кои ги проголтуваат или биваат отруени од пластиката.

За среќа, младите умови мислат на овој проблем (без разлика дали изгледа дека постарите се откажале од неговото решавање). Дваесет годишниот холанѓанец (нормално) Бојан Слат на креативен начин создаде концепт за чистач на океаните кој ќе им овозможи тие да се „самоисчистат“. Чистачот е огромна, дво-километарска пловка во форма на бумеранг која треба да се постави на стратешки места во океаните – таму каде што плимата и осеката ротира поради што има поголем проток на вода. Како што пластиката плови по површината ќе се закачува за пловката и лесно ќе може да се собере.

Според него, ефикасноста на ваквиот чистач е толку голема што за неколку недели со 50 вакви структури ќе се собере повеќе пластика него за 40 години претходно во историјата, што е навистина импресивно ако е точно.

Пластиката ќе се закачува за овие структури, а живиот свет ќе ги заобиколува и нема да има ризик да се закачи или да биде повреден од нив. Слат изјави дека со неговата непрофитна организација ќе започнат со поставување на овие структури во 2016 година. Тие веќе имаат поддршка од градоначалникот на Њујорк и Цушима (Јапонија), како и стотина океанографи, морски инженери, преведувачи, дизајнери и други.

Конечно едно еколошко, иновативно и ефикасно решение за чистење на океаните од нашето огромно загадување. Му даваме поддршка на Бојан и чекаме да видиме каков ефект ќе има неговиот изум.

Инаку холанѓаните изгледа дека постојано имаат вакви еколошки идеи: пред кратко време се рашири веста за еден холанѓанец кој секој ден на патот кон работа го чистеше брегот на една река, и на крајот целата река беше исчистена. Не само што ја исчисти реката туку инспирираше слични движења насекаде во светот.

Извор: Gizmodo, IFLScience

Претходна статијаThunderbolt 3 ветува највисоки брзини на трансфер и USB Type-C поврзување
Следна статијаDoppler Here – Слушалки за контрола на звуците од светот околу вас