Byton
Фото: Byton

Компанијата Byton на претстојниот Глобален саем за иновации (CES) претстави автомобил опремен со 49-инчен екран во служба на командна табла. Екранот на допир со помош на Amazon-овата Alexa  е способен да прима гласовни и гестикулирачки команди од корисникот.

Byton
Фото: Byton

Автомобилот е замислен да „еволуира“ во самоуправувачки со помош на софтверски надополнувања. Тој би се нашол во продажба веќе наредната година, по цена од 45.000 долари. Од компанијата велат дека автомобилот ќе може да понуди неколку видови на асистенција при возењето, но возачот има врвна контрола врз возилото. Меѓутоа, со текот на времето и софтверски дополнувања кои се планираат, ќе ја претворат колата во комплетно автономно возило.

Највпечатливиот момент секако е 49-инчниот екран кој се протега преку целиот преден дел од ентериерот. Дополнително, воланот е опремен со екран кој исто така може да прима команди на различни начини. Според искуствата и потребите, секој сегмент од автомобилот може да биде адаптиран со помош на софтвер.

Byton-овиот автомобил би имал капацитет да покрие пат од околу 400 километри. Покрај тоа постои и опција за брзо полнење. Па така, со полнење од 20 минути автомобилот би можел да измине дополнителни 250 километри, односно за само половина час полнење батеријата достигнува 80% од својот капацитет.

Извори: VentureBeat, Byton, The Verge

Претходна статијаЗошто треба да ја гледаш Dark
Следна статијаVivo го покажа првиот смартфон со сензор за отпечатоци под екранот