Се очекува моментот кога дроновите ќе станат дел од нашето секојдневие. Велика Британија оди чекор понатаму со воведувањето на полициски дронови кои што ќе нудат 24/7 поддршка за полицијата. Овие дронови ќе се користат за барање на исчезнати лица, но и за многу други работи како што се обезбедување докази преку снимки и слики. Во иднина може да се користат и како асистенти при сообраќајни несреќи.

Почетокот на работата на овие дронови може да се очекува ова лето, а како први дестинации за нивно користење се наведуваат областите Devon и Cornwall. Ова е следниот логичен чекор којшто можеше лесно да се предвиди, после користењето на дроновите за обично сликање и снимање, дури и за пренесување на пратки на кратки и долги релации. Дроновите се погодни за создавање слики и снимки за коишто обично треба да се изнајми хелихоптер или друга скапа опрема. Овие погодности лесно може да се пренасочат во корисни алатки кои би биле од огромна помош на полицијата насекаде во светот.

Во Велика Британија веќе од 2015 година се тестираат дронови од овој тип. Од друга страна, користењето на дронови за вакви цели може да наиде на отпор кај многу луѓе коишто не сакаат да бидат под постојан надзор и да им се загрозува приватноста. Останува да видиме како ќе помине оваа футуристичка идеја во Обединетото Кралство, и дали ќе има потенцијал за нејзино понатамошно развивање во иднина.

Извор: Engadget, UberGizmo

Претходна статијаФлексибилен соларен панел кој е за 80% полесен од обичниот
Следна статијаAndroid сигурносните надградби ќе бидат уште почести оваа година