Властите во Британија потрошија 600 милиони фунти на софтвер кој ќе помогне во борбата против он-лајн екстремизмот. Меѓутоа, истиот не е апликабилен на популарните социјални мрежи. Дали на тој начин ќе биде осуден на пропаст?

Софтвер заснован на вештачка интелигенција наменет за детектирање екстремистички содржини на интернет, е новата алатка претставена од британскиот Home Office. Компанијата ASI Data Science стои зад проектот кој е наменет да лови видеа и друг вид на содржини продуцирани од терористички организации како ISIS.

Алгоритамот умее да следи шаблонски одредени податоци кои се препознатливи за ваквите видеа. На тој начин тој лесно ги издвојува од дозволените содржини. Британските власти обезбедија огромно количество пропаганден материјал од организацијата ISIS со што помогнаа во составувањето на шаблонот за препознавање.

Меѓутоа, новата алатка нема да најде примена на популарните социјални мрежи и канали за споделување видео содржини. Ова се должи на фактот што Facebook, YouTube и другите гиганти не чекаа на Home Office-от да излезе со решение за нивните проблеми. Речиси секоја поголема компанија од овој ранг располага со сопствен тим и AI софтвер кој ја има истата намена. Па, се чини дека единствено помалите компании и помалку популарните веб страници ќе бидат поле за докажување на она што британските даночни обврзници ги чинеше 600 милиони фунти.

ИЗВОРBuzzFeed
ИЗВОР 2Associated Press
Претходна статијаНови анализи покажуваат дека првиот Британец од модерното време имал темна кожа
Следна статијаFacebook драматично ја губи својата млада публика