Елон Маск привлече големо внимание, како и секогаш, кога ја претстави својата нова компанија, The Boring Company. Како што сигурно не повеќето веќе ви е познато, оваа компанија работи со технологија за копање на тунели, па покрај развојот на посебна машина за истото, таа повеќе е позната по предлогот на проект за намалување на сообраќајните гужви во големите градови.

Оваа компанија го гради својот прв пример за да покаже како го замислува превозот во посебно направени тунели, во кои ќе се превезуваа електрични кабини со пешаци, велосипеди, па и возила. Брзините кои би ги достигнувале овие кабини се до 240 километри на час, па може да се замисли скратувањето на времето кое ќе се постигне, покрај немањето на гужви во нив.

Првиот пример се гради под Лос Анџелес, а тоа што не беше сигурно е дали тој ќе биде изграден на време. Причината за тоа е што Елон Маск од многу се смета за повеќе ентузијастичен отколку реален кога се во прашање неговите проекти, па не беше сигурно дека ќе се запази најавената дата.

Сепак, Маск излезе со информација на неговиот омилен начин, преку неговиот Twitter профил, каде што најавува дека работите се одвиваат според планот и официјалното пуштање на тунелот останува за 10-ти декември, додека бесплатните возења за наредниот ден. Тој дури прикажа и видео од како што го нарекува вознемирувачки долгиот тунел.

The Boring Company на почетокот од летото го доби и својот прв поголем проект кој вклучува изградба на тунел во Чикаго, поточно до главниот аеродром на градот.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаHuawei го задржува своето водство пред Apple во третиот квартал од 2018 година
Следна статија5 митови за „прогресивен данок“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.