561a2708c361884f558b45c6

Најлесниот метал, или поточно „метал“ имајќи предвид дека 99,99% од него е – воздух. Токму тоа е структурата на најновиот изум на Boeing кои незаморно работат за подобрување на авионската технологија.

Металот кој го создале тие ќе може да има широка намена во авионите. На пример, досега разните панели и кутии кои чуваа алишта и торби беа направени од пластика и друга структура која додава тежина на авионот. Тие ќе можат да бидат заменети со овој метал. Тој ќе може да се искористи и за основната структура на седиштата и други делови намалувајќи ја тежината, а можеби и во иднина ќе влезе во основната структура на авионот како крилјата.

Од Boeing успешно го тестирале новиот материјал и неговата еластичност и цврстина преку тестот на фрленото јајце. Од 25 спрата се фрла јајце завиткано во материјалот и ако преживее значи го бива. Материјалот е всушност микрорешетка поцврста од стиропор. Се работи за меѓуповрзани цевкички со дебелина на ѕид 1.000 пати помала од човеково влакно. За разлика од други суперлесни материјали кои имаат растурена структура што им ја намалува ефикасноста за апсорбција, материјалот на Boeing има правилна структура.

Ова му овозможува да биде ефикасен апсорбер од било кој правец. Тоа е демонстрирано во тестот на притискање кој може да се види во видеото и кој покажува дека кога ќе заврши притисокот металот се враќа во првобитната состојба. Микрорешетката на Boeing ќе придонесе кон поекономични летови, поголем внатрешен простор и зголемување на носивоста на авионите, а веројатно ќе може да се искористи и кај вселенските бродови за кои постојано се бараат полесни и поцврсти материјали.

Извор: RT, Yahoo, NY Daily News

Претходна статијаPepsi ќе лансира Android паметен телефон
Следна статијаНаучниците создадоа начин да го следат ХИВ во реално време