Boeing
Фото: Boeing

Компанијата Boeing претстави нацрт од својот нов хиперсоничен авион. Се работи за наследник на популарниот Blackbird, од кој се очекува да биде речиси двојно побрз.

Заоблениот дизајн на телото, како и двојната „опашка“ имаат цел да го минимизираат отпорот на воздухот. Според димензиите тој не се разликува претерано од својот претходник. Меѓутоа кога се однесува до перформансите, новиот модел се очекува да достигнува брзини од 5 или повеќе маха (Mach) или над 6 000 км/ч.

Понатамошниот развој на овој амбициозен проект зависи од State Department-от. Односно, дали тој ќе биде интегрира во некоја од развојните програми наменети примарно за американската воена авијација. За почеток моделот би бил изработен со само еден мотор, за во финална фаза да добие уште еден. Тоа речиси сигурно ќе влијае на комплетниот дизајн. Па, фотографиите кои компанијата ги презентираше не треба да се земат како финален дизајн.

Прокетот ја засили конкуренцијата каде до сега монопол држеше Lockheed Martin кој е дежурен производител на вооружување за армијата на САД. Ваквите авиони немаат речиси никаква комерцијална намена. Нивната примарна задача би биле шпионски летови на големи висини и набљудување на непријателска територија.

Доколку кај вас постоеше дилема за разликата помеѓу суперсоничен и хиперсоничен авион, разликата е нешто под 5 000 км/ч.

Извори: Engadget, Futurism

Претходна статијаFacebook претстави план за Messenger во 2018 – се планира и поедноставување на сложената апликација
Следна статијаDynamics: паметна платежна картичка со дисплеј и мобилна конекција