Seaexplorer_diving-962x644

Технологијата на беспилотните летала е во фазата пред „златното доба“ – таа се залетува и забрзува во развиток и се појавуваат многу новитети бидејќи фокусот посветен на нејзе е навистина голем. Воедно, се случува каша од дизајни и концепти кои целат да остварат најразлични цели.

Оваа технологија, како и многу други, потекнува од војската. Еден од главните играчи во воената технологија (а паралелно и во цивилната) е Boeing, кои поднесуваат патенти за најразлични пронајдоци кои не секогаш се применливи во моментот (како, на пример, ласерско-нуклеарен авионски погон или заштитно поле за оклопни возила).

Најновиот патент кој ќе биде побрзо применлив е беспилотно летало кое во исто време може да гњури во вода. Т.е. не баш во исто време, туку после летот. Идејата е ваквото летало да биде качено од друго летало во воздухот, по што ќе биде пуштено да лета до потребната позиција. Тоа ќе лета со крилја и пропелер кој се наоѓа позади на леталото.

По доаѓањето на потребната позиција тоа ќе се нурне во водата, а крилјата и други остатоци кои би правеле само отпор во водата ќе се исфрлат. Сега веќе беспилотниот „гњурец“ ќе може да се движи со помош на истиот пропелер со кој до пред малку летал. На него ќе бидат вградени најразлични сензори како сонари, камери, откривачи на звук, а тој исто така ќе има антена за комуникација со некој брод.

boeing-patent-illustrations-962x644
Приказ од патентот на Boeing

Би биле примамени да кажеме дека не се знае за што би се искористил ваквиот патент, ама ќе бидеме во криво. Очигледно е дека намената на патентот е да се искористи пред се` во воени цели, а беспилотното летало може ќе има способност да биде наполнето со експлозив и да биде насочено кон воени цели штом ќе заврши со својата сензорска работа.

Извор: PSFK, Business Insider

Претходна статијаGoogle Glass проектот е се уште жив, сега се вика Project Aura
Следна статијаDARPA создаде инсектоидни нозе за летала