bionic-hand

Чувството за допир е една од критичните способности за луѓето умешно да можат да извршуваат основни задачи со своите раце. Повратната информација која човекот ја осознава при допирот е клучна за одредувањето колку сила треба да се користи при фаќањето на разни предмети. Без оваа повратна информација, тешкотиите при вршењето на основните активности од секојдневниот живот би биле невозможни.

Девет години, откако еден човек во Данска ја изгубил својата лева рака при несреќа при ракување со пиротехнички средства, неодамна со помош на бионичка рака, повторно ја има способноста за чувството на допир.

Експерименталната процедура на која бил подложен Денис Або Соренсен, се одвивала на тој начин што, сензорите од бионичката рака, преку специјални електроди ја поврзале со нервите, на местото каде што раката била ампутирана. Чувството за допир, успеале да го постигнат со праќање на електрични сигнали преку електродите до нервите. Резултатот бил неверојатен, а Соренсен успеал да ја почувствува разликата помеѓу портокал и бејзбол топка, па дури и помеѓу дрвена прачка и парче мека ткаенина.

Во интервју за “The Independent” Соренсен раскажува за неверојатниот напредок и вели дека сега може да чувствува работи што цели девет години неможел.

За овој нов значаен чекор во развојот на протетските екстремитети се заслужни научници од Швајцарскиот Федерален Институт за Технологија. Ова сепак, не е прв случај научници да се обидат да направат вештачки екстремитети со извесно чувство на допир. Неколку вакви проекти се забележани и во САД и во Европа, Но овој најнов експеримент покажува дека Соренсен не само што може да го почувствува обликот и цврстината на објектите, туку исто така тој може да брзо да реагира и да го приспособи стисокот на самата дланка.

Можноста за испраќање сетилни информации до мозокот е голем е исклучителен напредок за оваа област, но сепак треба да се има на ум дека за развојот на овој производ за масовна употреба, ќе биде потребно време.

Претходна статијаWacom Will – универзален стандард за „дигитално мастило“
Следна статијаБидете фит со All-In Fitness