StoreDot-battery-1-minue-charge

Стандардното постапување со батериите на нашите телефони и таблети денес си го знаеме. Ќе ги оставиме да се полнат преку ноќ, потоа ги користиме цел ден и среќни сме ако издржат до крајот на работниот ден. Потоа ги сместуваме да се полнат повторно, а тоа трае барем еден час… Денес имаме таква неверојатна технологија во нашите џебови која може да пресметува патека на ракети и да се играат напредни 3Д игри, само да можеше батеријата да ни издржи повеќе од 2 саати интензивна работа.

Научниците од Тел Авив Универзитетот од Израел се дале во работа да ја поправат оваа ситуација, но на малку поинаков начин. Тие, место да работат на зголемување на капацитетот на веќе постоечките батерии, пронашле начин како да создадат батерија која може целосно да се наполни за само една минута. До ова откритие дошле преку истражување на лекови за Алцхајмеровата болест. Тие откриле некоја пептидна молекула која може да се стекне со полнеж многу побргу него класичните батерии за преносни уреди. Тие оваа батерија ја развиле заедно со компанијата StoreDot, исто така од Израел.

Секако дека ваквата батерија не носи само позитивни промени во однос на постоечките. Таа има помал капацитет заради ваквата структура и помал животен век. Дополнителен проблем е потребата да се поседува посебен полнач, бидејќи обичните не можат да ја наполнат соодветно и ефикасно. Затоа инженерите создале и нов, соодветен полнач кој работи на следниот начин: на почетокот ја „хранат“ батеријата со 40 – 50 ампери енергија, а завршуваат со 80 ампери. Со ваквиот начин тие успеваат да постигнат време на полнење од само 1 минута.

Идејата со ваквата батерија е почесто да ја полните, но толку кратко што нема ни да приметите дека ви земало време. На пример, сте на работно место и забележувате дека скоро ви се испразнил телефонот. Го вклучувате, одите да земете кафе и се враќате на веќе полн уред спремен за работа. Секако дека ќе следуваат подобрувања на овие технологии, па веројатно ќе бидеме сведоци на вакви батерии со многу поголем капацитет и животен век.

Извор: Talk Android, The Guardian

Претходна статијаClaxi – Повикување такси во стилот на 21-от век
Следна статијаKazam, компанијата со бивши челници на HTC, лансираше цела плејада нови Android и Windows Phone телефони