Деновиве слушаме за најразлични нови технологии за батерии, но сите се слични на оние кои сме ги имале досега. Еве една нова технологија која вклучува и органска компонента – човечка плунка, како и микроорганизми кои оддаваат енергија, односно можат да пренесуваат електрони. Делува како од некој филм, но дефинитивно функционира.

Новото откритие е објавено во “Advanced Materials Technology” и може да е еден од патиштата по кои научниците ќе ги развиваат батериите во иднината. Овој тип на батерија е полн со егзоелектрогени, микроорганизми кои можат да пренесуваат електрони, односно да оддаваат електрична енергија. За да го направат тоа, нив им треба храна, која можат да ја најдат на пример во човечката плунка.

Така, кога ќе „плукнете“ на батеријата, тие се активираат и почнуваат да оддаваат енергија, која е доволна за LED сијаличка да свети цели 20 минути. Плунката, покрај тоа што ги активира микроорганизмите, служи и за растопување на батеријата, која пред да биде употребена се чува исушена со замрзнување со цел егзоелектрогените да не оддаваат енергија кога таа не е потребна. Ова значи дека тие можат и да траат прилично долго и да не загубат на капацитетот пред да бидат наполнети.

Овие батерии сепак не можат да се наполнат, што е од една страна недостаток, но затоа кога ќе се фрлат не се токсични, што ги прави пријателски расположени кон околината. Тие се инаку изработени од хартија, јаглен и восок, што ги прави био разградливи – нив без проблем ќе може да ги фрлите и во обичниот отпад. И најинтересно од се, нивните креатори ги прават во форма на оригами, што е нималку досаден дизајн на кој не навикнаа производителите на батерии досега.

Извор: Business Insider, Popular Science, Fox News

Претходна статијаAsus ја освежи ZenFone фамилијата со 5 нови смартфони
Следна статијаSamsung „несакајќи“ го објави Galaxy Note 8 на својот веб сајт