Популарно наречената „проширена реалност“ е технологија која завзема се поголем замав, меѓутоа единственото место каде наоѓа најголем потенцијал за практична намена, сега за сега, е авто-индустријата. „Проширена реалност“ можеби и не е најсоодветниот превод на оригиналниот назив за оваа технологија, augmented reality. Во вистинска смисла на зборот, ова претставува делумно вештачка реалност, односно вештачки елементи инкорпорирани во реалната слика, на начин да обезбедат поквалитетно визуелно искуство.

Сѐ уште оваа технологија е далеку од масовно експлоатирана, делумно со оглед на тоа што содржините и технологијата која ја поддржува се ограничени на малите уреди, односно паметни телефони или таблети. Меѓутоа, ако погледнеме малку во иднината, веќе можеме да ги замислиме првите автомобили кои ќе бидат управувани или нивното управување ќе биде надгледувано со помош на оваа технологија.

Главниот проблем при имплементацијата на оваа технологија е недостатокот на хардвер кој квалитетно би ја поддржувал и би овозможил солидно корисничко истуство. Како стојат работите, преносливите уреди едноставно не поседуваат хардвер кој би ја одработил оваа задача, па така, се очекува развој на гаџети, односно уреди кои би биле непреносливи и би имале задача да дополнат друга технологија или да имаат улога на поддршка.

Прво нешто што паѓа на ум кога ќе се „поврзаат точките“ е автоиндустријата. Земени во предвид трендовите во автоиндустријата, примарно автономното управување, лесно може да се замисли самоуправувано возило каде стаклата се истовремено екрани кои нудат различен тип на информации или содржини. Популарниот AR во автоиндустријата би отворил комплетно ново поглавје во поглед на навигацијата, информирањето, асистенцијата, безбедноста, но и забавата при самото патување. Вака проектирана, иднината на транспортот „лежи“ врз грбот на компаниите кои нудат услуги на транспорт, повеќе отколку на оние кои произведуваат автомобили како такви.

Претходна статијаПаѓа популарноста на Facebook кај младите, на сметка на Instagram и Snapchat
Следна статијаНово партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“