Apple

На пазарот веќе одреден период постојат сензорите за отпечатоци на прсти кои се поставуваат по екранот на уредот. Тие доаѓаат во две технологии, една која се користи од повеќето кинески производители и е на основа на оптички сензор и другата која се користи, на пример, од Samsung во Galaxy S10 и работи на основа на ултра звучен сензор.

Втората технологија се смета за многу побезбедна со оглед на тоа што истата го препознава прстот врз основа на 3D мапирање, наместо на обична слика, како во случајот со оптичките сензори.

Поентата е дека овие сензори веќе доста време постојат, па се очекуваше дека Apple од идната година ќе почне да ги користи. За Apple е стандардно да подоцна почнува да користи одредени технологии, чекајќи да тие доволно се развијат и да се откријат првичните багови и проблеми.

Сепак, според информации од познатиот Минг-Чи Куо, Apple ќе го врати Touch ID, овој пат под екранот, дури во 2021 година. Овој нов сензор ќе биде достапен заедно со Face ID којшто ќе продолжи да биде достапен, а може да се користат и во комбинација.

Причините за ова се наоѓаат во стандардното чекање на Apple за одредена технологија да биде доволно развиена и очигледно тие не сметаат дека тоа е случајот.

Инаку најавите се дека Apple би го користеле ултра звучниот сензор, што е за очекување, посебно кога ќе се земе времето кога тие ќе почнат да користат ваков сензор.

Причината поради која воведувањето на сензор за отпечатоци е важно е што отклучувањето на телефонот со скенирање на лицето не е секогаш доволно практично. Корисниците не може да бидат препознаени кога носат нешто на лицето или главата, а и не функционира доволно добро од сите позиции на телефонот.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаGalaxy Watch Active2: Дизајниран за балансирање на велнес-можностите со подобрено вмрежување
Следна статијаОд Франција, преку Бразил и САД, луѓе од цел свет уживаат во гласот на Охридското езеро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.