(JORDAN STEAD / Amazon)

Amazon за време на својата re:MARS 2019 конференција која одржува во Лас Вегас, прикажа нов дрон, односно целосно електрично беспилотно летало кое планираат да го користат за достава на пратки на Prime претплатниците.

Иако не дадоа конкретна дата или локација, за време на презентацијата на конференцијата од Amazon најавија дека овој дрон може да се очекува да почне да доставува пратки во месеците што следат.

Главната причина за користењето на дронови при достава на пратките е значителното скратување на времето потребно за достава, во споредба со користење на возила и луѓе. Со користењето на новиот дрон, од Amazon најавуваат достава на пратки во време од 30 минути од нивната нарачка.

Инаку дронот кој е прикажан како функционира на следното видео, може вертикално да полета, по што пропелерите се навалуваат и го придвижуваат леталото нанапред. Се очекува можност за покривање на околина до 24 километри, а пратките кои ќе може да ги носи дронот се до околу 2 килограми.

Од компанијата истакнуваат дека повеќе од 70% од нарачките се со тежина до оваа, па овој дрон ќе може да покрие голем дел од доставата.

Дронот исто така се најавува дека има доволно технологија за да биде безбеден, односно да може да забележи далноводи за електрична енергија, параглајдери и слично.