Можеби веќе треба да се постави прашањето на што ќе личи орбитата на Земјата кога сите пријавени компании ќе ги постават своите сателити за обезбедување на интернет пристап. Овие системи функционираат со илјадници сателити, па тие слободно може да се каже дека потенцијално претставуваат проблем за иднина, за орбитата која веќе има проблем со вселенски отпад.

Amazon поднесе барање до американската FCC да добие дозвола за поставување на 3.236 сателити во орбитата на Земјата, од каде ќе можат да обезбедат интернет пристап на секој дел од планетата, а посебно на местата каде тој не е достапен или е со слаб квалитет.

Со ова, Amazon се приклучува на уште неколку други компании од кои најпозната е секако SpaceX, кои веќе ги лансираат своите први 60 сателити.

Од Amazon истакнуваат дека ќе можат официјално да го понудат својот сервис кога ќе постават околу 500 сателити од планираните над 3.000.

SpaceX планира да постави многу повеќе сателити, односно нивниот систем ќе се состои од околу 12.000 сателити.

За „гужвата“ која се прави во орбитата, веќе се пожалија астрономите кои истакнуваат дека нема да може да се вршат набљудувањата на небото од површината на Земјата кога ќе бидат поставени сите планирани сателити.

Сепак, од компаниите кои ги поставуваат се истакнува дека тие не се толку големи и дека кога ќе бидат поставени на планираните позиции, тие нема да многу да пречат.

Со цел да се избегне можноста сателитите да останат како вселенски отпад, тие ќе имаат рок на функционирање, по што ќе бидат „изгорени“ во атмосферата, пред да се расипат или да се изгуби контакт со нив.

Оставете коментар